• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар

јули 31, 2024
in Актуелно
Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар

Во рамките на кампањата „Безбедно лето“, вчера (29.07.2024) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и волонтери на Црвениот крст од Охрид во водите на Охридското езеро спроведоа превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар.

Tим од полициски службеници и волонтери со полициски глисер реализираа патролни активности и остварија кратки средби со граѓаните кои со своите пловни објекти пловат по езерото. Притоа, низ разговори, полициските службеници и волонтерите, ги потсетуваа граѓаните како да се однесуваат при топло време и високи температури, како да постапуваат кога тие или други лица во пловилото не се чуствуваат добро, кои се првичните неопходни мерки при манифестирање топлотен удар, а им делеа и вода за освежување и ги потсетуваа на останатите препораки за заштита од топлотен удар. Тимовите, посебно потсетуваа на потребата граѓаните да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со пловилото, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања на брегот и престој под сенка и други корисни информации за зголемена безбедност.

Притоа, на граѓените им беше поделен и едукативен материјал со практични препораки од Министерството за здравство и Црвениот крст на РСМ „Како против топлотниот бран“.

Публицитет.мк

Посетеност: 115
Share
Previous Post

IN MEMORIAM: Мирјана Мијалкова – човек со добра душа

Next Post

АРМ кај Св. Наум изведува тактичко-технички активности

Next Post
АРМ кај Св. Наум изведува тактичко-технички активности

АРМ кај Св. Наум изведува тактичко-технички активности

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 115

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk