Од Кирибати преку Тонга до Нов Зеланд, 2025 година веќе започна. Новата година во Сиднеј, Австралија беше дочекана со прочуениот огномет – поголем од кога било досега.
На Киритимати во јужниот Тихи океан започна 2025 година . Атолот со околу 7.300 жители е првото место во светот кое ја започнува новата година во 11:00 часот по средноевропско време. Киритимати е дел од островската република Кирибати, која има повеќе временски зони и се протега долж екваторот среде јужниот Пацифички океан. Само 15 минути подоцна, Четамските острови, кои припаѓаат на Нов Зеланд, ја дочекаа новата година. Островите со нешто повеќе од 700 жители се наоѓаат на околу 800 километри источно од Нов Зеланд и имаат своја временска зона.
Спектакуларен огномети во Окленд и во Сиднеј
Во 12:00 часот по средноевропско време, Нов Зеланд и островските држави Самоа и Тонга го прославија почетокот на годината. Во Нов Зеланд, знаменитостите на најголемиот град, Окленд, беа во фокусот на елаборираните огномети – пред сè, 328 метри високата Скај Тауер, највисоката кула на јужната хемисфера. Од 55., 61. и 64. кат на набљудувачката и телекомуникациската кула во небото биле истрелани 500 килограми пиротехнички средства.
Во 14:00 часот според средноевропско време, новата 2025 беше дочекана во Сиднеј, Австралија со светски прочуениот огномет наспроти мостот Харбор и прекрасната зграда на операта. Околу девет тони пиротехнички средства го осветлија небото над пристаништето во светлосното шоу на крајот на годината.
Околу милион гледачи го гледаа спектаклот на лице место а оние кои сакаа да обезбедат подобро место започнаа да се собираат уште во раните утрински часои.
Дубаи
Иако исламската Нова Година се слави дури на 20 август, во Дубаи ве очекува неверојатно уживање и во јануари. На плажа, во некој луксузен ризорт, или било каде во градот, загарантиран ви е добар поглед кон огнометите. Тоа е најголемото пиротехничко шоу во регионот, а се случува симултано на стотици локации во градот.
Рио де Жанеиро
Во Бразил за Нова година? Апсолутно! На Копакабана на полноќ е особено романтично: огнометите го осветлуваат морето, а луѓето фрлаат цвеќиња и палат свеќи. Забавите на плажите се во ритамот на самбата. Оние кои носат бела облека- како што прават Бразилците- ќе имаат среќа и мир целата година.
Берлин
Забавата станува класика за љубителите на новогодишните журки. Традиционално повеќе од еден милион луѓе се собираат пред Бранденбуршката порта на прославата. Долго откако ќе завршат огнометите забавата продолжува во безбројните клубови и дискотеки во градот.
Лондон
Традицијата не е за фрлање: Новата година започнува со звонот на Биг Бен, а потоа започнува огнометот на Темза. Оние кои сакаат најдобар поглед на спектаклот треба да се упатат кон Лондонското око, најголемото панорамско тркало во Европа. Но внимавајте, многу тешко се доаѓа до карти.
Прага
Огнометот кој се лансира од околните ридови ги осветлува златните кровови на чешкиот главен град. Адетот кај Чесите е да се пресече јаболко на половина- доколку семките формираат ѕвезда- годината ќе биде добра. Но доколку ви се прикаже крст, подобро пресечете уште едно јаболко.
Мадрид
На Пуерта дел Сол, главниот плоштад во историскиот центар, секогаш има голема забава. Покрај пенливо вино, донесете си и грозје на забавата. Обичајот во Шпанија е да се јаде по едно зрно за секој удар на камбаната на полноќ. Паровите можат и меѓусебно да се хранат. Тоа носи среќа во новата година.
Женева
Доколку се одлучите да си го проветрите паричникот малку повеќе, швајцарскиот град ви нуди прекрасен поглед на огнометот со чаша шампањ од некој брод на Женевското езеро. Опкружувањето е многу романтично затоа што бреговите се осветлени со уметнички инсталации.
Големи огномети се планирани и во многу азиски градови, како Куала Лумпур, Сингапур, Бангкок каде новата 2025 година пристигнува неколку часа подоцна.
Германија: Главниот дочек пред Бранденбуршката порта
Во Германија најголемата новогодишна прослава најверојатно повторно ќе се оддржи пред Бранденбуршката порта во Берлин, каде, според организаторите, може да се сместат до 65.000 луѓе. На полноќ огномет на повеќе места ќе го осветли ноќното небо. Службите за итна помош повторно очекуваат голем број повици поради несреќи со пиротехнички средства и прекумерно консумирање алкохол. Полицијата за прославите се подготвува со поголем број на службеници.
Американска Самоа е последната земја што ќе ја дочека 2025
Потребни се 26 часа помеѓу 11:00 часот по средноевропско време на 31-ви декември и 13:00 часот по средноевропско време на 1-ви јануари за во целиот свет да настапи новата година. Американска Самоа ќе биде последната земја што ќе ја дочека Новата година.
Извор: www.dw.com
Публицитет.мк