Утре, среда од 18 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се случи промоција на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска.
На промоција ќе разговараат авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска со уредникот Дејан Трајкоски.
– Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Како своевидно продолжение на сликовницата „Другарко“, во оваа главен лик е Другарка, на која ѝ се придружуваат Другарко и двете мачиња, Рони и Бони. Кога сите заедно ќе се здружат, тие патуваат во нови светови полни со љубов, разбирање и другарство. А како патуваат? Пааа – со фантазмобилот! Ве покануваме на патување заедно со Другарка и нејзините другари но и да научите нови зборови од прекрасниот јазик на Другарка, велат од издавачот Прозарт медиа.
„Другарка, Другарко и две маченца“ е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Зегин, Шпаркасе Банка, Министерството за култура и туризам, Сити Флауерс и Дата Понс.
Промоцијата се организира во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Публицитет.мк