• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

“Светот на образованието ги брише границите”

декември 2, 2024
in Аргументи за
“Светот на образованието ги брише границите”

7-ма регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.

Целта на конференцијата е да поттикне регионално вмрежување на најдобрите едукатори, наставници, професори, стручни соработници.

„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот.На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Македонскиот тим од 45 просветни работници, се врати дома со двајца нови полноправни членови на Асоцијацијата,  7 признанија за најдобри наставници, едно признание за најдобар директор, 3 признанија за најдобри штандови на Саемот на образование и признание за најдобар амбасадор за Ксенија Маказлиева Трајческа .

Со големо задоволство и гордост  ќе го понесам ова признание за: Најдобар наставник во регионот од Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот.

Посветеноста, мотивираноста, ентузијазмот светнаа како уште една ѕвезда на ова ѕвездено небо на најуспешните наставници ❣️

Среќна сум што за името на моето училиште “ООУ Св. Наум Охридски” – Пештани и мојот сакан Охрид се слушна дури во Хрватска.

Конференцијата заврши со доделување на сертификати на учесниците на конференцијата. Ова беше уште една можност најдобрите наставници од регионот да се соберат, да ги разменат своите идеи и искуства, да ја претстават својата работа и училиште, како и земјата од која доаѓаат.

Следната , осмата по ред Конференција во  прекрасниот Охрид, градот кој лулка на словенската писменост и култура.

Светот на образованието ги брише границите.

Лила Каранфиловска

Публицитет.мк

Посетеност: 613
Share
Previous Post

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ „Охридско лето”

Next Post

По повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, дневниот центар – ЗРАЦИ – Охрид, утре  организира ОТВОРЕН ДЕН.

Next Post
По повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, дневниот центар – ЗРАЦИ – Охрид, утре  организира ОТВОРЕН ДЕН.

По повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, дневниот центар - ЗРАЦИ - Охрид, утре  организира ОТВОРЕН ДЕН.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 613

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk