Меѓународната конференција: „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, со учество на светската интелектуално – хуманистичка елита, финишираше денеска со едногласната оценка, дека, градот Охрид и формално прераснува во Центар на светскиот хуманизам.
Преостанува уште инаугурацијата, што ќе се случи догодина, на истиов ден – летен Свети Климент, со поставувањето на Спомен-обележјето “Охрид Центар на Светскиот Хуманизам”, во старото градско јадро, по идеја на добитникот на Светската награда на хуманизмот, Светлин Русев, од 2014 година, додека изработката му е доверена на Жарко Башески, еден од најголемите скуптори кај нас.
На Конференцијата, во живо, виртуелно и со специјални посланија, се обратија врвни домашни и светски интелектуалци, автори и хуманисти.
Годинешниот добитник на Светската награда на хуманизмот, седумнаесета по ред, академик Виктор Фирдман, професор на Чикашкиот универзитет, во својот настап, потенцираше дека е “повеќе од јасно оти македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија, преку морфологија, до лексика, синтакса”…
-Сличности има, но Швеѓаните и Норвежаните можат да се разберат кога се сретнуваат, а никој не вели дека норвешкиот е шведски дијалект, или обратно, нели? Работата е во тоа што Скандинавците се многу понапреднати од Бугарите, вели Фридман.
Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцаре, трагајќи по етимиологијата на зборот хуманизам, од Цицерон, преку Вавилонската цивилазија до денес, напоменува дека тоа е всушност, фокусирање кон човековата благодсостојба и вклучување на човековата слобода, автономија и напредок.
-Хуманистите го застапуваат подеднакво вроденото достпоинство на сите човечки суштества. Тоа подразнбира и достоинство на Македонците, додека Фридман е најголемиот борец за остварување на нивните права, низ неговата истрајна и многугодишна борба за македонството, под ко се подразбираат националната посебност и самобитноста на македонскиот народ во однос на соседните народи, потенцираше Коцарев,
На Конференциојата говпореше и минатогодишноиот лауреат на Светската награда на Хуманизмот, академик Далимир Хајко од Братослава, Словачка.
Тој се осврна на првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа, а во таа смисла и за културно историските врски помегу Словаците и Македонците.
На тие релации посебно се осврна претседателот на Друштвото на писателите на Македоникја, Христо Пегтревски, кој, врз наследството на првата охридска и сесловенска културно – образовна и хуманистичка школа, ги открива денешните изблици на модерниот човекољубив хуманизам, пособенпо нагласувајќи го придонесот на Јордан Плевнеш во афирмацијата на македонистиката во светски рамки.
Во сличен тон говореа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, археологот Паско Кузман, словачкиот амбасадор, Хенрих Маркуш и други.
Во рамките на Конференцијата се одржа и еклузивната промоција на книгата „Седум цркви на Охрид во светското културно наследство“ на англиски јазик, од Елизабета Димитрова и група автори, во предговор на Панче Велков. директор на Музејот на Град Скопје.
Во таа прилика, за македонскиот влог во светското културнпо наследство, импресивен прилог даде Ролф Ахилес, професор на Уметничкиот институт во Чикаго.
Со специјљни Посланија до Конференцијата се обратија
Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италија, кој, мегу другото, соопштува дека Македонија и другите земји од регионот во ЕУ требало да бидат примени уште за враме на негповото претседателствување.
Жан Патрик Конрад, претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од “Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, најави доагање во Охрид следната година, за чинот на инагурацијат на градт како Центар на светскиот хуманизам и поставувањето на истоименото Спомен – обележје, како единствено такво во светот.
Пред научниот дел, во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид, на свечена церемонија, Светската награда на хуманизмот за 2023 година, му беше врачена на на професорот д-р Виктор Фридман, еден од најголемите американски и светски слависти и македонисти.
На лауреатот наградата му ја врачи градоначлникот на Охрид, Кирил Пецаков, нагласувајќи дека истата го истакнува Фридман како еден од најголемите пријатели и почитувачи на Македонија и на македонскиот јазик и култура.
-Со врачувањето на наградата на охридската Академија на хуманизмот ние Македонците го продолжуваме вековниот код всаден од нашиот Свети Климент Охридски, за ширење на хуманизмот и човекољубието, рече Пецаков.
Претседателот на Интернационалното жири на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш, во обраќањето,истакна дека во светиот град Охрид денеска се случува Балканска лингвистичка револуција бидејќи Виктор Фридман е прв лингвист, добитник на Светската награда на хуманизмот, инспирирана од учениците на сесловенските просветители, рамноапостолите Свети Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.
-Вие го вреднувавте македонскиот јазик на светската лингвистичка мапа и Свети Климентовиот сон низ митските корени на духовната и народната традиција стана неприкосновен легитимитет за кој Охридската Академија на хуманизмот Ве нареди на тој величенствен список на досегашните добитници…Бидејќи Вие академик Фридман сте меѓу најобожуваните македонисти и во македонската дијаспора расеана по континентите има една пост-модерна поговорка која вели: „Светот е мал, но Македонија е голема”, рече во својата беседа амбасадорот Плевнеш.
Веле Митаноски
Публицитет.мк