• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СДСМ Охрид: Претседателот на МК на ДПМНЕ Пештани, фатен како поседува и конзумира кокаин

декември 10, 2023
in Тикер
СДСМ Охрид: Претседателот на МК на ДПМНЕ Пештани, фатен како поседува и конзумира кокаин

 Охрид е сардисан од сите страни! Од една страна неспособен градоначалник, од друга страна криминали, дрога и неморално однесување!

Претседателот на месниот комитет на ДПМНЕ Пештани, кој важи близок до Кирил Пецаков е фатен како поседува и конзумира кокаин и тоа на среде кафетерија во Охрид, рече на прес Јован Крлев од СДСМ. 

Александар Таломаноски познат како Дандаро, професор по музичко образование и вработен од Пецаков пред две години, важи за една од повлијателни фигури на ДПМНЕ во Охрид!

Скандалот е до толку поголем бидејќи истото ова лице е вработено во образование и ова претставува атак врз титулата просветен работник и врз образовниот процес воопшто. Но, она што секој еден граѓанин сега моментално се запрашува е : Кому му ги доверивме нашите деца во училиштата? ДПМНЕ покажа дека не им е важно кој се вработува и кој ќе ги учи и воспитува децата; важно им е партиските послушници да бидат намирени.

Вака излегуваат на виделина сите лаги на Пецаков и ДПМНЕ дека грижата за децата им е на прво место. Вака ли ДПМНЕ го оправдува залагањето за децата од својата предизборна кампања ?

Факт е, а и на охридската јавност и е добро познато дека не им е прв пат на ДПМНЕ да вработуваат деструктивци и деликвенти во училиштата, лица кои имаат судир со законот.

ДПМНЕ и Пецаков се должни и морално и пред Закон да внимаваат кој ќе им прокламира морални вредности на децата во училиштата! Бидејќи на народот можеби не му е важно како ДПМНЕ ќе си ја организира внатрешната политика и кој ќе им биде на чело на месните комитети, ама особено му е важно кој ќе им ги воспитува децата!

Повикуваме работодавецот на лицето Александар Таламаноски најитно да постапи согласно Закон и подзаконски акти на институцијата,рече на прес Јован Крлев, портпаролот на СДСМ Охрид. 

Публицитет.мк 

 

 
Посетеност: 184
Share
Previous Post

Бутик Emilly: Победете го студот и бидете елегантни со новите модели женски капути

Next Post

Ракометарите на Охрид првата пречка во Куп натпреварите ја минаа без поголем напор

Next Post
Ракометарите на Охрид првата пречка во Куп натпреварите ја минаа без поголем напор

Ракометарите на Охрид првата пречка во Куп натпреварите ја минаа без поголем напор

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 184

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk