Додека домаќинства и институции во други делови од Охрид останаа без вода, а директорот на ЈП „Водовод“ Охрид без грам совест не му даде ни извинување ни образложение на народот, општинската организација на СДСМ во Охрид бара јавно од директорот на ЈП „Водовод“ Охрид итно да и’ даде одговор на охридската јавност на следниве прашања:
- За колку проценти е поскапена водата за периодот од 2021 година до 2025
година, за време на Вашето менаџирање на институцијата? - Дали воопшто знаете колку активни дефекти има на територијата на
општина Охрид? - На кој начин се справувате со загубата на вода која од ден на ден се повеќе
расте, на товар на граѓаните? - На кој начин се справувате со злоупотребата на вода?
- Дали редовно ги сервисирате обврските спрема добавувачите, или само
спрема оние по Ваша волја? - Дали вршите редовна набавка на резервни делови за тековно и навремено
решавање на проблемите со водоснабдувањето? - Дали добивката со која се гордеете и сте гласен на седниците на Совет е
реална или се тоа акумулирани средства од несервисирање на обврските и
без никакви инвестиции? - Дали бар 1 денар им ја покачивте платата на работниците и дали ги
подобривте нивните услови за работа, па да сте горд со тоа? - Дали некогаш воопшто сте направиле објективна анализа на
функционирањето на претрпијатието? - Директоре, дали воопшто сте запознаени со дејноста и начинот на
функционирање на ЈП „Водовод“ Охрид?
И за крај, да директоре, одговорност за ова што му го нанесувате на Охрид и
охриѓани ќе има!, се вели во пратиското соопштение од СДСМ – Охрид.
Публицитет.мк