Неодамна во издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид излезе од печат првиот лексикон во македонската двојазична лексикографија (и несамо во неа), во којашто се обработени научни и стручни термини од областа на хидробиологијата на копнените води – лимнологијата, на Славе Николовски-Катин, новинар, преведувач од Скопје.
Овој двојазичен речник е работен спорен најновите достигнувавања на толковните термини во интернационална и стручна лексика којашто е базирана на грчка и латинска основа. Авторот овде успешно врши адаптација според морфолошките особености на англискиот јазик којшто го користи како извориште и основа, а потоа термините ги приопштува на соодветни еквиваленти во македонскиот литературен јазик.
Во преполнетата сала на Здружението на новинарите на Македпнија, Лексиконот го претсавија д-р Борис Оцески, директор на зХидробиолошкиот завод, проф. Д-р Јонче Шапкарев, професор на Биолошкиот факултет и д-р Јадранка Серафимова – Хаџишче, научен рботник во Хидробиолошкиот завод во Охрид.
На промоцијата беше речено дека во овој првенец на македонската научна и стручна лексикографија се застапени термини, изрази и поими од областа на биолошките и биотехничките науки, со посебен акцент на лимнологијата. Тој се појавува како резултат на авторовите повеќегодишни истражувања и преведувачка дејнос на полето на хидробиологијата на копнените води остварени во Хидробио-лошкиот завод во Охрид и на други места. Самиот факт што лексиконот содрши околу 4.000 терминолошки изрази, на 206 страници, со стручни толкувања, говори за сериозноста и значењето на ова дело, прво од ваков вид во нашатаа Република.
Покрај термините, во лексиконот се дадени толкувања на биолошките знаци и симболи, геолошките периоди и епохи, хемиските елементи и нивните ознаки, термилошка скала, како и англиски и американски мерки за должина, површина, тежина, како и нивнит однос спрема метричките мерки.
Имајќи во предвид дека хидробиологијата со своите гранки океанографијата и лимнологијата претставува интердисциплинарна област, се’ повеќе расте бројот на научните работници коишто се занимаваат со испитување на акватичните екосистеми од био-лошки, физички, хемиски, геолошки, геоморфолошки, рибарствен и од многу други аспекти. Затоа и појавата на англиско- македон-скиот лексикон на Славе Николовски-Катин претставува мошне корисен прирачник на научните и стручните работници, студентите, учениците и воопшто на сите проучувачи и интересенти за водните екосистеми, заштитата на акватичната средина, човековата око-лина и друго.
Со богатство на термини и ползуваната литература од лимнолошки и друг вид од повеќе странски јазици, со јасност на толкување на изразите, овој вокабулар пополни една страница која од поодамна се чувствуваше во нашата лимнолошка терминологија и претставува значајно достигнување на младата македонска лексикографија.
Бл. Стоичковски
(Текстот е објавен во списанието “Макединија“,ГЛАСИЛО НА Матицата на иселениците од Македонија во бр,401 ,IX-1986)