Денес во свечена атмосфера во големата сала на Универзитет во Ниш, Република Србија директорот на Студентскиот дом „Никола Карев“ м-р Жарко Куциноски и неговиот колега м-р Раде Рајковиќ, директор на Студентскиот центар во Ниш потпишаа повелба за збратимување и идна заедничка соработка.
-Со повелбата се отвора можноста за заеднички проекти и размена на искуства кои во секој случај ќе отворат нови перспективи кои ќе одат во прилог на зголемување на студентскиот стандард и сместување, рече за Публицитет.мк м-р Куциноски.
На овој начин Студентскиот дом „Никола Карев“ од Охрид продолжува да ги користи бенефитите од членството во мрежата на студентски домови од Југоисточна Европа.
Публицитет.мк