Сношти во рамки на честувувањата посветени на патронот Св. Климент заштитникот на Охрид во изложбаниот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена и традиционалната изложба на фотографии на Фото клубот „Охрид“, на која беа прикажани фотографии претежно со убавините на градот.

Дваесет и шестата традиционална изложба на фото клубот ОХРИД ја отвори неговиот претседател Димче Коруноски.


-Она што го носат во себе авторите доста вешто, умешно, мајсторски и уметнички успеваат да го визуелизираат преку своите фотографии.Инспирацијата ја наоѓаат во светот околу нас, случувањата , природата, објектите, лицата и друго, рече во својот говор фотографот Коруноски.

На изложбата се помесетени 40 фотографии од 20 автори: Катерина Василевска, Анета Јованоска, Лидија Стефаноска,Марија Савеска, Димче Коруноски,Лазар Коњановски,Денис Умер, Ѓоко Симјаноски, Дарко Бошнакоски,Љупчо Паункоски, Лихнида Спировска, Љубица Трајческа, Сања Бачевски,Марија Биткоска, Јованка Симоновиќ, Петар Боев, Димче Мајковски, Нина Ангелоска, Маријана Пипилева и Јулијана Блажеска.

Изложбата е под покровителство на Фото сојуз на Македонија, а финансиски поддржана од Општина Охрид.



Публицитет.мк