Охридската екипа за крај на годинешното првенство постигна вредна и убедлива победа над екипата на Беласица со резултат од 3-0.
Гостите од Струмица само на почетокот на натпреварот наметнаа поофанзивна игра, па во тој период од играта на два пати имаа шанса и да дојдат до водство меѓутоа капитенот Тафа интервенираше капитенски и не дозволи водство за гостите и тоа беше се’ од гостинската екипа на натпреварот.
Како што одминуваше времето охриѓани ја преземаа иницијативата што резултираше и со водство имено во 37 минута Хусеин Демири постигна ефектен гол за водство на охриѓани од 1-0 па со овој резултат се отиде на одмор.
Во второто полувреме видовме целосна иницијатива на ГФК Охрид Лихнидос и како плод на таквата игра веќе во 61 минута со вториот гол на Хусеин Демири охриѓани дојдоа до убедливо водство од 2-0.
Веќе во 68 минута со голот на Алтин Лога домашните поведедоа со 3-0 што беше и конечен исход од денешниот натпревар.
Да напоменеме дека до крајот на овој натпревар тренерот Џигероски ги изврши сите измени. Покрај останатите што влегоа на теренот беа и Парталко и голманот Доко, накои им се укажа можност да дебитираат на еден второлигашки натпревар. Убав потег на Шефот на стручниот штаб на Охрид Пепи Џигероски.
Иван Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк