• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Утврдниот текст на Предлогот на Закон за ратификација на спогодбата помеѓу С. Македонија и Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

јуни 13, 2023
in Тикер
Утврдниот текст на Предлогот на Закон за ратификација на спогодбата помеѓу С. Македонија и Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.

Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку Охридското Езеро.

Спогодбата е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година, а нејзината цел е да се изврши непречна имплементација на стратешкиот проект „Охридското Езеро – поврзување на две земји кон една дестинација, финансирани од страна на Европската Унија како дел од новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија“.

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со усвојување на Патоказ за Праведна транзиција и воспоставување Структура за водење на процесот на Праведна транзиција во Република Северна Македонија и го усвои Патоказот за Праведна транзиција на Република Северна Македонија.

Владината одлука е во насока на отпочнување со активности кои ќе овозможат соодветно прилагодување на нашата земја и регионите зависни од јаглен, кон новите политики на ЕУ за забрзан зелен раст и транзиција.

Патоказот за Праведна транзиција опфаќа: изнаоѓање алтернативи за конвенционалните извори на енергија (енергетска транзиција) и изнаоѓање алтернативи за вработување на луѓе, особено за оние кои работат во енергетскиот сектор. Ефективната транзиција кон обновливи извори и складирање ќе биде неопходен услов за да може да се премине кон соодветни нови „зелени’’ работни места.

Министерот за економија е задолжен, преку Секретаријатот за европски прашања, да ја извести Европската комисија и сите меѓународни финансиски институции, за усвоениот Патоказ и за отпочнување на процесот на воспоставување Структура на Праведна транзиција.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на проектот Отворен Балкан.

Задолжено е Министерството за информатичко општество и администрација, да овозможи пристап до неопходниот сет на податоци од Централниот регистар на население, за потребите на услугата за генерирање идентификациски број на граѓанинот, со цел целосно исполнување на обврските кои Владата ги има преземено во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Услугата за генерирање на идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Република Северна Македонија е услуга која е во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација и е наменета само за граѓаните на Република Северна Македонија.

Идентификацискиот број за Отворен Балкан го генерира секоја држава за своите граѓани соодветно. Кога граѓаните сакаат да аплицираат за Услугата за упис во регистарот на слободен пристап до пазарот на труд, тие треба со овој број да се најават на порталот за електронски услуги кај државата во чиј регистар на слободен пристап до пазарот на труд сакаат да бидат впишани.

Владата денеска одлучи, Славица Кутиров, да ја разреши од должноста директор на Царинската управа, на нејзино барање.

Владата одлучи Стефан Богоев да го именува за в.д. директор на Царинската управа.

Публицитет.мк 

Посетеност: 114
Share
Previous Post

Утре почнува „Вдиши театар“

Next Post

СДСМ – Охрид: Станува ли водата за пиење луксуз во Охрид?

Next Post
СДСМ – Охрид: Станува ли водата за пиење луксуз во Охрид?

СДСМ - Охрид: Станува ли водата за пиење луксуз во Охрид?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk