Утре – четврток од 12 часот во холот на Општинското основно музичко училиште “Методи Патче” во Охрид ќе се одржи манифестацијата “Ликот и делото на Тоше Проевски”.
Ќе бидат презентирани фотографии,облека и документарен филм за Тоше а ќе настапат и хорот и оркестарот од Музичкото училиште со преработка на песни изведени од легендарниот Проевски.
Ова е уште една можност за охриѓани да се потсетат на незаборавниот и секогаш ведар Тоше и со своето присуство да му оддадат почит и да се потсетат на за жал кусата но многу успешна музичка кариера.
Организаторите, Спомен куќата “Тоше Проевски“од Крушево и ООМУ”Методи Патче”-Охрид соопштуваат дека влезот за сите заинтересирани е слободен.
Публицитет.мк