
Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“наменета за децата од социјално загрозените семејства
. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него.
Акцијата трае од 08 до 20 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 23 декември (сабота), околу Волшебната елка во КАМ Village маркетот.
Во РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик.
Бидете хумани, дарувајте и израдувајте!
Ве очекуваме кај ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА во KAM Village.
Публицитет.мк






