Приказната на Љупчо Чинго од Охрид за Австралија е двонасочна, негова лична ама поврзана и со неговата мајка Павлина. Таа решава да замине во Австралија и на една година да биде професор по мајчин јазик во средна школа во Сиднеј на македонските деца. Има право според тогашните закони меѓу Југославија и Австралија целото семејство да е со неа. Љупчо бил при крај на Електро факултетот во Скопје и решил само еден семестар да пропушти и да ја искористи шансата да оди во Австралија.
-Желба ми беше да го научам добро англискиот. Го завршив најинтензивниот курс од шест месеци. Во меѓувреме многу работи се сменија отидов во 1989 година а потоа почна распадот на Југославија и останав , вели Љупчо.
Во интервјуто со нашиот колега Милчо Јованоски тој ја раскажува својата животна приказна за убавиот австралиски живот и вклопувањето во општеството, за прекрасните доживувања минати низ целиот континент, за дружбите со луѓето, за навиките и очекувањето и за враќањето дома.
Ова интервјку во текот на летото беше првично емитувано на програмата на СБС на македонски
Публицитет.мк








