Ракометарите на Охрид без поголеми напори ја совладаа условно кажано домашната екипа на Аеродром којa натпреварот го играше во Охрид.
Само на почетокот некаде до дваесеттата минута аеродромци им парираа на охриѓани, после тоа како што одминуваше времето разликата во голови стануваше се поголема такашто од пред крајот на првото полувреме, па се до крајот на натпреварот на теренот доминираа охриѓани кои на крајот забележаа уште една задлужена победа.
ГРК Охрид: Гал Цирар 7, Никола Шипинкоски 6, Иван Тасески 5, Орјоникидзе Теимураз 5, Гоце Ојлески 3, Никола Ристески 3, Рудолф Шафранко 3, Горан Крстевски 3, Стефан Дрогришки 1, Ерај Каракоч 1.
И.Арсеноски Ohrid Sport
Публицитет.мк