Виктор Наумовски доаѓа како повратник од редовите на ФК Тиквеш и ќе претставува големо засилување за нас известуваат од клубот.
За екипата на ГФК Охрид Лихнидос има забележано повеќе од 70 настапи.
Од клубот му посакуваат добри игри и голем успех.
Добредојде назад Виктор!
Како што соопштуваат од клубот ГФК Охрид Лихнидос им се заблагодари за соработката со клубот на следните играчи:
Христијан Митревски, Александар Ѓорѓиески, Кристијан Костовски и Хадис Таири.
Во наредниот период најавуваат од клубот дека ќе бидеме известени за нови засилувања.
И А
Охрид Спорт
Публицитет.мк