Александра Груевска Дракулевски, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Денес со моите најблиски ќе ја јадеме 45-та торта по повод мојот роденден и ќе дувнам исто толку свеќички. Случајно оваа година на мојот роденден е и апсолвентската вечер на моите студенти, па ќе имам двојна причина за славење. Ќе си посакам пред се’ здравје и уште една успешна година во мојот живот. На студентите им посакувам добро здравје и со успех да ги довршат студиите. Секој роденден за мене е среќен момент. Се чувствувам посебно, а блиските ме разгалуваат со позитивни чувства. Благодарам “Публицитет мк” што и оваа година ми го честитате роденденот.
Публицитет.мк