
Алма Шемо – студентка на Филолошкиот факултет, Катедра за македонски јазик во Скопје.
Родендените се посебни, благословени мигови низ кои треба да се потсетиме дека животот е вредна и скапоцена божја благодат и прекрасен подарок, кој нема реприза. Оваа година, својот дваесетти роденден го прославувам во Скопје, меѓу дел од семејството и своите колеги од Филолошкиот факултет. Би сакала да искажам голема благодарност до Публицитет.мк за укажаното внимание и чест; до моето сакано семејство и сите познаници за искрените честитки, а секако, најубавиот роденденски подарок којшто го добив пред денешниов ден, беше освоената втора награда за најдобра беседа, во чест на Григор Прличев. Да продолжиме и понатаму да му се радуваме на животот и на сите изненадувања и убавини кои тој ни ги носи! Да продолжиме да го негуваме, чуваме и љубиме македонскиот јазик како наш најсвет аманет! Да продолжиме да си ги остваруваме сите сништа, да бидеме личност која секој би ја посакал… Viva la vida!
Публицитет.мк







