Борка Стојчевска, професор по македонски јазик и литература во СОУ ” Ѓорче Петров” – Крива Паланка.
Секој 15-ти февруари кај мене од секогаш буди убави чувства. Како секој и јас се радувам многу на мојот роденден. За мене овој ден е посебен, бидејќи сум родена на убав ден на православниот празник Сретение на Господ Исус Христос. Годините се само бројка да уживаме во секој момент во животот. Мојот роденден го доживувам, како празник на мојата душа и постоење на моето битие. Денот ќе го поминам работно. Секоја година мојот роденден го прославувам со семејството, не заборавајќи ја традицијата и со желба за светла иднина. Самиот чин на внимание и сеќавање на мојот роденден од блиските ме исполнува и ме прави среќна, дека тие што ги сакам се околу мене и ми посветуваат внимание, љубов и почит. Тоа е за мене најголем роденденски подарок. Само никогаш да не порасне детето во мене, кое знае да се радува на обични работи, да се смее и да му пркоси на времето. Ви благодарам од сѐ срце Публицитет на честа што ми ја направивте, а и ме мотивиравте да напишам неколку зборови за мојот ден.
Публицитет.мк