Вера Главинчева, професорка во пензија од Охрид.
Ви благодарам преку Вашиот успешен портал честитајќи ни го роденденот ни овозможувате за миг да се чувствуваме посебни. Да се има роденден на втор ден Велигден е навистина нешто што ме прави да се чувствувам посебна, затоа што имам можност на сите кои го слават овај голем христијански празник да им го честитам со: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ и им посакам се’ најубаво.
За самиот роденден не би пишувала за да не се повторувам, а за желбите кои природно навираат по тој повод ќе ми треба многу време и простор. Сепак најголемата желба во моментов е да станам баба на внука која со божја помош за некој ден ќе ја имам во прегратка. Покрај четири принца ќе добијам принцеза. Оваа среќа со радост ја споделувам.
Сакам и да патувам и секогаш кога ќе имам можност за тоа не пропуштам прилика. Ги сакам прошетките со моите пријателки. Сакам времето да го минувам со моите внуци кои во секој миг ми го полнат срцето. Сакам да читам. Сакам да работам низ двор и да одгледувам цвеќа. Сакам да гледам телевизија, а ми треба и време за социјалните мрежи и се’ друго што се може со ова неминовно зло – телефонот. Максимално исполнет пензионерски живот. Секојдневните домашни обврски се плус. Често во шега знам да речам: ми треба денот да трае 48 часа.
Публицитет.мк