Весна Џајко – Виш статистичар во Регионалното одделение на Државниот завод за статистика – Охрид.
Од утрово почнаа роденденските честитки да стигнуваат на мобилниот и преку социјалните мрежи. Се разбира најдраги ми се оние првите од најблиските. За роденденот ќе си подготвам сама, мало изненадување, но ќе го почекам викендот. Едно кратко патување кое вистински ќе ми го освежи секојдневието.
Како и на секој родител и моите желби се сврзани со тоа децата и фамилијата да ми се здрави и живи и секој успех да го објавувам на Публицитет.
Посакувам да ми се здрави и живи и пријателите и вие што ми правите посебна чест. Нека е за многу години убавата соработка со Вас.
Оваа година чекам нови радости. Дај Боже да ми се исполнат.
Прекрасни сте поздрав.
Публицитет.мк