Даниела Печијареска, професор по одделенска настава во ООУ,, Григор Прличев” Охрид.
Еее… некогаш, пред 45 години бев новороденче во оваа планета…
45, обичен непарен број од петтата десетка. Сепак, во душата дете!
Му благодарам на Господ што е така, што ме чува секој ден и ми помага да ја остварам секоја цел. Посакувам со истата енергија и здравје, придружени со мојот хумор и ведрина, решително и смело да продолжам да чекорам по стапките на животот. Во радост да славам уште многу, многу родендени!
Иако велиме: роденден, ден обичен… ова делумно е така. Посебен е сјајот на очите на мојте ќерки и сопругот, кога емотивно се радувам на секое нивно изненадување кое ми го подготвуваат за секој празник, посебно роденден. Тој сјај и таа љубов немаат цена. Родендените ги минувам со нив, со вкусна храна, тивка музика и опуштена атмосфера. Задолжителни гости ми се оние за кои сум секогаш дете, моите родители, како и мојот Суперхеро, мојата десна рака, брат ми со семејството. Секако не ги откривам останатите гости… хахаха. Сигурно се сите што ги сакам некако посебно и ми се особено драги.
За убави нешта да славиме!
Да сме здрави и живи сите!
Публицитет, Вам Ви благодарам!