Даница Стојанова пијанистка , актуелен Директор на најголемиот музичко балетски училишен центар во државата Илија Николовски-Луј во Скопје.
-Неколку дена сум во Солун каде се дигнаа едрата на “Бродот на толеранција,” интернационален проект каде настапија млади уметници од цел свет па и од нашето училиште Луј.
Проектот е во организација на Кабаков Фондацијата од Њујорк. И ете во петтата деценија од мојот живот, се’уште се чувствувам млада и полетна, спремна да дадам а и да научам уште повеќе. Родендените се потсетник дека животот е извор на се она што ќе одбереш. Јас ја одбирам љубовта и среќата кон земјата и се’ постоечко на неа.
Денес роденденски од Солун ќе патувам за Албанија каде со моите колеги ќе ги слушам младите пијанисти на меѓународниот натпревар во Ѓирокастро а вечерта секако ќе наздравиме во чест на мојот живот. Зошто, што е животот без фамилијата и пријателите. Кај и да кинисам по патиштата во светов, имам со кого да наздравам, тоа е голем благослов. Нека ми се множат годините и нека има убав живот, амин. На здравје.
Публицвитет.мк