Кристина Николовска, Раководителка на Катедрата за македонска книжевност и култура и Претседателка на собранието на Друштвото на писателите на Македонија.
Роденденот го доживувам како ново прераѓање, нова енергија која ме поттикнува кон напред. Секако, роденденот содржи и сублимирање на досегашното, потсетување на минатите родендени, но сепак тој е – химничен, празничен и свечен. Ме радуваат бројните честитки од блиските, пријателите и колегите.
Роденденот ми започна со прекрасна гушка со мојот најмил – синот Леонид, а потоа ќе одам на факултет во мојата омилена слушална со студентите со кои ќе ја споделиме радоста на откривање на тајните на книжевноста.
Потоа следува домашен семеен ручек во нашата дома, крај клавирот кој сè повеќе ме привлекува, покрај омилената библиотека.
Вечерта ќе биде празник на поезијата – Поетски митинг на Друштвото на писателите на Македонија во Домот на културата во Општина Илинден на литературната манифестација „Илинден 2023“ на која ќе имам Беседа за родољубивата поезија. Роденденот ќе го споделам со публиката и писателите – на сцена, а публиката како важен дел од мојот живот, ќе ја удостојам и со моја родољубива песна.
Повелете на Поетска вечер „Нашинска,татковинска” посветена на современата македонска родољубива поезија во 19 ч во „Домот на културата“ во Илинден, ќе биде свечено и химнично, а за мене и – роденденски.
А потоа, со писателите, со „поетски“ автобус се враќам кон мојата топла и убава дома.
Публицитет.мк