Лидија Јевтовиќ – професор по Англиски јазик во ООУ. “Кочо Рацин” Охрид.
Ви благодарам Вам за Вашето внимание што токму Вие ми ја испраќате првата искрена роденденска порака. Тоа зборува за Вашата професионалност и почит кон читателот.
Овој пат ќе започнам со мислата на големиот Шекспир околу роденденот како ден.Тој рекол: “Со радост и смеа нека дојдат сите брчки”.
За мене роденденот сепак не е само обичен ден на кој некоја бројка му дава обележје, туку напротив ден кој го доживувам со мала доза на еуфорија токму во која се бега од едноличноста, осаменоста, од една мала доза на тага која секогаш си има причина зошто се појавила, за сето тоа да се замени со многу пораки и убави желби од најблиските, пријателите, познаниците, колегите…Најмногу ме радува исчекувањето, како да стануваш тој ден центар на внимание од многумина, а најдраги ми се пораките посебно од моите најблиски, но и ме изненадуваат и радуваат пораките од моите бивши ученици кои секоја година покажуваат дека не ги заборавиле деновите поминати со тебе во минатото. Се чувствуваш почестен некаде од далечина.
На овој роденден ќе ми недостасуваат моите најдраги, но сепак ќе се потрудам водејки се од почетната мисла на големиот Шекспир да го прославам со радост и убави желби.
Вам Ви посакувам уште долги години успешна работа како редакција и многу читатели.
Публицитет.мк