Маја Савиќ, уредник и новинар ТВМ Охрид.
Како ќе го прославам роденденот, искрено не знам, затоа што сопругот и ќерката имаат неконвенционални идеи по повод “овој голем празник”.
Неизмерно сум среќна и благословена што ги имам. Благодарна сум за мојот круг на убави луѓе со кои сѐ е поубаво, полесно, поподносливо, посмешно, повозбудливо.
Ме радуваат роденденски честитки. Посебно оние духовитите за стареењето кое не е лошо, ако ти се погоди генетиката и/или терапијата. Но, родендените се супер, ако се земе предвид алтернативата. Само нека се множат и нека е интересно. „Публицитет„ ви благодарам на дикатот.
Публицитет.мк