Прим. д-р Менче Настоска – Кадинец, педијатар од Прилеп.
ТАНЦОТ
Слушам тивка музика
допирот на твојата рака
ме води низ налетот
на Болеро.
Како низ универзумот
да летаме по тактот
на танцот
Топлина ме облева
со насмев ме даруваш,
со среќа ме облеваш.
Како да летаме
низ просторот
Јас и Ти
Ти и јас.
Ритамот на танцот ме води
ритамот на животот
ме следи
го сакам твоето рамо
чекорите наши се следат
топли мисли во глава
се редат.
Танцот наш,со љубов зрачи
светлост блеснува
небо се осветлува.
Танцот ,јас и ти
во сите наши дни.
Убава е пролетта
Го сакам месецот април.Мирисот на цветовите ме полни со надеж,сонцето ми ја топли душата.
Сакам здравје за сите,некоја топла нота ме обвива.Сакам здравје,мир насмев на човекот.
Роденденот ќе го поминам работно,со работа која ја сакам и ме исполнува,ме движи.Детскиот насмев и топлиот плач на новороденото,зар има нешто поубаво!
Тивка музика,чаша вино и топли пријатели.Универзумот со своите ноти ќе внесе во мојата душа надеж,верба,среќа.Тој ден е мој ден,мојот роденден.Не сакам болки,сакам смеа,да го прегрнам и благосостојба да му подарам на малото дете,на целиот свет.
Публицитет.мк