Миланка Новеска – Густавсон од Охрид. Мецо-сопран и професор по соло пеење.
Овој роденден го прославувам со маж ми и најблиските пријатели во Стокхолм. Покрај славењето се подготвувам за продукција во Кралскиот театар Drottningholm во Стокхолм и пробите ми започнуваат на 5 јуни, така што ова лето ќе ми биде доста продуктивно и нема да имам одмор. Веднаш по завршувањето на проектот во август, ќе патувам во Данска и Исланд каде што имам закажани есенски проекти поврзани со операта.
Работејќи го тоа што најмногу го сакам, не чувствувам напор, напротив, среќна сум што сум дел од разновидни проекти и имам можност да запознаам и работам со пеачи од различни земји.
Публицитет.мк