Џими – Колумниста во Охрид Њус .
Со не помал жар и денес ги чекам и сакам родендените како кога бев дете заради две причини. Прва е та да си го проверам рејтингот на мојата доброта, односно да ги избројам пријателите и сите оние кој ми сакет добро во мојот живот. Ваљда то се должит на мојот карактер, начин на комуникација и воопшто поставеноста во животот со луѓето.
Втората причина е што добивам огромен поклон, роденденски, а то е да си го соберам семејството и ко шо им викам јас “сакам да ве избројам“ сите.
Но сепак денешниов роденден е премногу значаен и посебен за мене. Пресреќен сум шо Артан Груби го удри темелот на проектот “Бехтел и Енка“. Хаххахаха
Секако дека се шалам. Навистина ми е посебен од причина што моето “племе“ оваа година е за еден член поброен. Прв пат славам роденден како дедо. За то е заслужна мојата внука Дарја која минатата година во Јуни стана член на моето семејство. Овај настан ме прероди и можам да речам дека ми ги рестартира годините и ми ја рестартира животната сила за понатаму. Дај Боже секоја година да ми е и да ни е посебен како овај.
Публицитет.мк