Сефедин Бајрамов, естраден уметник од Битола.
Оваа година мојот професионален ангажман е поврзан со новоотворениот ресторан во Битола, „Елисиум“. Секој петок, сабота и недела во просториите на овој пријатен амбиент заедно со персоналот на ресторанот се трудиме на битолчани и на сите гости да им приредиме пријатно поминато време со вкусна храна и пријатна и квалитетна музика, жанровски разновидна.
Синоќа бев пријатно изненаден на полноќ кога мојот долгогодишен пријател Валентин Соклевски, кој истовремено е и автор на многу текстови за моите песни, заедно со уште неколкумина мои семејни пријатели, свечено ми го честитаа роденденот и ми посакаа долгогодишна благосостојба, професионални и лични успеси. Ме израдува ова изненадување од пријателите, дотолку повеќе што на полноќ, на мојот Јутјуб канал, се промовираше мојата нова песна „Секој крај е почеток нов“ на која токму Валентин Соклевски ѝ е автор на текстот, а на музиката автор е младиот и перспективен музичар Петар Јованов.
Денес е мој ден и сум благодарен што во мојот живот и во мојата кариера постојат луѓе што ме мотивираат успехот да го доживувам како остварување на животните цели. А, тие се секојдневни, мали и големи. Најважно од сѐ е што музиката ме прави да ги гледам животот и светот како младост на времето.
Публицитет.мк