Славе Ќелешоски – диџеј Славе – осуден на вечност. Живее на релацијата Македонија – Флорида.
Ејјј 67 роденден ??? Што постар годините летаат. Пензионер кој што не се чувствува така.Во никој случај не размисливам дека треба да успорам.Наротив продолжив со исто темпо .Пред се’ музиката таа е тоа што ни треба.Останав на тоа мислење уште од седмо одделение.Втора година гимназија на самиот почеток заглавив во болница цела година.Тогаш почна мојата сериозност кон слушање и собирање плочи.Плочите останаа популарни и до денес. Драго ми е што секое лето доаѓам во Македонија и на мое задоволство ме канат да организирам ретро журки секако музика на плочи. Друга љубов ми е велосипедот.Особено вело турите по македонските планини, Мариово, Азот, Алшар,Тресонче,тура преку Слива,Крушево и многу други.И секако тие прекрасни дружби со шатори по неколку дена но пред одење задолжително гравче.И секако најважна е фамилијата.Господ ни подари 5 внуци со кои можеме да се плажираме овде во Мајами.Благодарам на честа Публицитет.мк многу успех и натака.
Публицитет.мк