Тања Царовска – вокалист и композитор
Родендените за мене претставуваат растење и надградување. Годините ми се само маркери за тоа дека сум пораснала духовно за уште еден степен, сум ја покачила бар за малку својата вибрација енергетски или барем свесно сум се обидувала да растам и се усовршувам онака како што можам, што самото по себе е некакво растење, самоспознавање. Роденденот го чувствувам само како еден чекор напред кон целта – да се доближам до вибрацијата на чистата, безусловна љубов и радост во срцето, наспроти духовниот мрак кој, како што сосема погрешно сме програмирани да веруваме, многу луѓе за жал ги напаѓа со изминувањето на годините. Зошто да мислиме дека одиме кон некаква бездна кога можеби одиме кон некаква светлина? Подеднакво погрешна и деструктивна програма е тоа дека мора со одредена возраст да почне се старее. Човекот старее пребрзо затоа што е програмиран да верува дека е така, додека пак нашата днк се бори да се одржи млада, односно вечна. Не старејте – патувајте!
Публицитет.мк