Томе Постолов, наставник по македонски јазик, ООУ “Крсте Петков Мисирков” – Радовиш.
За мене секој роденден е дар Божји. Нему Му благодарам за сиве овие години, за сиот мој живот, живот полн со искушенија, живот кој и не ме баш милувал. Секако,Денот на моето раѓање нема да го чувам само за себе. Го споделувам со моите најблиски и најмили, со пријателите, со колегите… на кои, од сѐ срце им благодарам за вниманието кои ми го посветуваа(т) во оваа пригода. Впрочем, сите тие ме прават многу среќен, а најмногу што ги имам покрај мене. На сите нив им посакувам честити Велигденски и Рамазански празници! За многу години да се!
Публицитет.мк