• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Премиерата „Татко“ ја отвора годинешната драмска програма на „Охридско лето“

јули 13, 2026
in Култура
Премиерата „Татко“ ја отвора годинешната драмска програма на „Охридско лето“

Драмската програма на „Охридско лето“ започнува вечерва со премиера на театарската претстава  „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку.  

Овој проект, по 25 години ги враќа Поповски и актерот Мјаку во заедничка претстава, по исклучителната „Дневникот на лудиот“ од 2001 година. Покрај Мјаку, во „Татко“ играат и: Амернис Нокшиќ, Фисник Зеќири, Сабина Мемиши Асланај, Мелика Кастрати, Флакрон Алији. Сценографијата е на Енес Деари, костимографијата на Изет Цури.

Оваа претстава ќе се надоврзе на претстави со висок уметнички квалитет, како што се: „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, „Таткото“ од Стриндберг, „Вујко Вања“ од А. П. Чехов и ТВ филм „Татковите книги“ од Л. Старова. Во копродукција со Националниот театар Приштина, Албанскиот театар – Скопје и „Ibsen Award“ од Скиен, Норвешка, се реализираа: мегапроектот „Пер Гинт“ од Х. Ибзен, „Сократовата одбрана“ од Платон, „Народен непријател“ од Х. Ибзен и „Се бара стар кловн“ од М. Вишњек. Воедно, со ликот на Таткото, Мјаку ќе ја заокружи својата блескава 53-годишна театарска кариера.

Иван Поповски е македонски режисер со руска „школа“, кој живее и работи во Москва повеќе од две децении. Тој е роден на 2 мај 1969 година во Скопје. Беше примен на театарска режија на Државниот институт за театарска уметност (ГИТИС) во 1988 година. Дипломира во 1993 година, во класата на познатиот руски режисер Пјотр Наумович Фоменко. Во третата година од студиите, Поповски ја постави претставата „Авантура“, според драмата во стихови од Марина Цветаева, заедно со своите сокласници. Претставата се играше во ходникот на ГИТИС. „Авантура“ ја имаше својата премиера во 1991 година и го доби признанието од московската критика „Врв на сезоната“, за најдобра претстава на годината во Москва за сезоната 1991/92 година.

Публицитет.мк

Посетеност: 494
Share
Previous Post

Убавица без шарм е како јадица без мамец

Next Post

Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“од Андреј Лаброски

Next Post
Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“од Андреј Лаброски

Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“од Андреј Лаброски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 494

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk