• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, октомври 25, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“од Андреј Лаброски

јули 16, 2026
in Омнубус
Промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“од Андреј Лаброски

          Сношти во Охрид во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ беше  промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“ дело на прерано починатиот член на ВИС „Билјана“, Андреј Лаброски. Неговите другари и колеги по музиката секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат достојна почит.

Меѓу кориците на песнарката има близу 70 текстови запишани на кирилица ама и на латиница, како и нивни нотни записи и приказни за настанокот за некои од нив.  Доволна причина музичарите не само од Охрид да ја имаат како своја Библија или Буквар, за и во иднина песните да се пренесат автентично од колено на колено и никогаш да не се заборават.

-Нема подобар амбиент од овој во кој што сме сега а да зборуваме за старите градски песни. Во Охрид во срцето на стариот град овде во Варош по тесните улички има многу кафеани.  Во нив, и вечерва се пеат песните за градските убавици:  Деспина, Билјана, Антица, Фросина…  Секоја од нив добила по некоја песна  создадена низ времето преку кои се преточени нивните животни судбини,а народниот творец опеал и бројни  бурни и убави настани кои го обележале животот на охриѓани, рече промоторот м-р Милчо Јованоски и додаде: – Тие дела , тие песни датираат најчесто од XIX  век, но некои од нив народниот пејач ги создавал пред и потоа. 

Денес, тие песни ги пеат нови  музички тајфи наследници како достојни чувари на традицијата, на некогашните тајфи на Ангеле Курте, Климе Садило,  „Охридски трубадури“ на Стојан Златаноски и на ансамблот „Билјана“ предводен од легендарните Сотир Димитровски – Ѕингл и Кузман Поп Стефанија. Токму тој Кузман Поп Стефанија еден од основачите на култните БИЛЈАНА  помогна да се родат нивните музички наследници во почетокот на 2010 година наречени „Билјана – Јуниор, рече на промоцијата новинарот и публицист Милчо Јованоски.

Пред присутната публика се обрати и д-р Леон Стефанија, професор на факултетот за музикологија при универзитетот во Љубљана, син на познатиот филолог и македонист Драги Стефанија. Тој од музичко – социолошки аспект говореше за феноменот наречен охридска староградска песна и неговите детски и подоцнежни доживувања поврзани со летата во Охрид.  

-Кога доаѓавме во Охрид, често го слушав музицирањето на ансамблот „Билјана“ на чело со Кузман Поп-Стефанија, кого, пак, го паметам седнат покрај езерото како разговара со некого. Денес, кога го гледам новиот состав на ансамблот „Билјана“, кој Кузман го насочи во сопствен културен живот, како свири некаде низ Охрид или, пак, врви со кајче до Канео, ми текнува на две важни поделби кои насекаде ни ги кројат животите, едната поделба на професионална и аматерска култура и другата поделба, на нематеријално и материјално културно наследство.

Според д-р Леон Стефанија ансамблот „Билјана“ остава  важна порака,  а тоа е долгогодишната музичка пракса да се продолжува преку состав наљубителите музичари, не професионалци ами аматери. Аматери во изворнатасмисла на зборот, љубителите се тие што светот често го туркаат напред.

Традиционално како секоја година во чест на Андреј и вечерва, 16 јули ќе се одржи хуманитарниот концерт насловен „Пријателите во чест на Андреј Лаброски” на платото на плажата Сараиште со почеток во 19.30 часот.

На концертот ќе се продава и песнарката „Охридски музички бисерник” по промотивна цена од 400 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, додаваат„Билјана“.

Публицитет.мк

Посетеност: 571
Share
Previous Post

Премиерата „Татко“ ја отвора годинешната драмска програма на „Охридско лето“

Next Post

Почнува 15. „На зајдисонце“ во Трпејца

Next Post
Почнува 15. „На зајдисонце“ во Трпејца

Почнува 15. „На зајдисонце“ во Трпејца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 571

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk