• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Промовирана дебитантска книга „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

јули 21, 2025
in Uncategorized
Промовирана дебитантска книга „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

Пред многубројна домашна публика и гости, викендов во Охрид беше промовирана збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“од Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобра дебитантска книга во 2024 година.

-Книгата посветена на Берлин оддишува со шарм, но и со духовитост, што е навистина редок зачин во нашата книжевност. Пишувана од лезет, со хумор и искуство, во мераклиски ритам, која исто така со лезет и се чита. Се најдов пријатно изненадена од стилот, писмото, светогледот на авторката Енис. Сакам да живеам во Македонија во која се пишува вака, интелигентно, духовито, урбано, забавно и поучно. Сакам да откривам луѓе, кои размислуваат волку широко и неоптоварено како Енис. Сакам што и кај нас постојат вакви жени, доволно смели и автентични за да бидат и останат СВОИ, истакна промоторката, професор Елизабета Шелева.

Според Шелева, Хилми, низ нејзината наративна патека и интер-културална авантура, успешно како „риба“ плива низ повеќе различни јазици, места, домови и култури. За Шелева посебно значајно во книгата е присуството на длабок, автентичен респект кон културното наследство и брендот наречен Југославија во време кога многумина од оние што таа земја некогаш ги задолжила, денес ја „ишкаат“ како непожелна мува од „идентитетската“ капа, на други места во Европа, Југославија прогресивно се рестартира во шареноликите и мозаични берлински муабети, друштва, ритуални или секојдневни практики.

Промоторот Стефан Алијевиќ посочи дека Енис низ расказите, прогресивните ЈУ чувства ги претвора во одбранбен механизам против насилството на заборавот, испреплетувајќи ги со добра доза на хумор, иронија и критика, како суштински елементи на современата книжевност. Со тоа, вели, оваа патописна проза, која гравитира меѓу мемоар и автофикција на моменти, ја збогатува нашата книжевна сцена, на која ù недостасува ваков тип на проза.

Кога на едно новинарско прашање, тогашниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт, одговори: Берлин е сиромашен, но секси, тоа беше токму она време, кога јас почнав да го откривам овој град, што не го засакав на прва, но затоа пак подоцна во него се вљубив доживотно. И токму во градот направен по мерка на човекот, со жестоко пулсирање на средната класа, со космополитизмот и културата, прогресивноста и отвореноста, мене ми се случи повторно да ја сретнам и засакам и Југославија, која ионака многу ја сакав, вели Хилми, додавајќи дека денес Берлин не е повеќе сиромашен град, но затоа знае сеуште да биде секси.

Во рамките на настанот организиран од Темплум, беше претставена и книгата раскази „Danse Macabre“ од Тина Иванова, за која зборуваше промоторот Мерсиха Исмајлоска.

Публицитет.мк

Посетеност: 205
Share
Previous Post

 Кон „Градот што не го засакав од прва“ од Енис Хилми

Next Post

Отворено 14 . „На зајдисонце“ во Трпејца

Next Post
Отворено 14 . „На зајдисонце“ во Трпејца

Отворено 14 . „На зајдисонце“ во Трпејца

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 205

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk