• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

 Промовирана книгата „Охрид – љуѓе и марифети“ од д-р Томислав Тунтев, книга што ќе се чита во еден ѕдив

јануари 17, 2026
in Актуелно
 Промовирана книгата „Охрид – љуѓе и марифети“ од д-р Томислав Тунтев, книга што ќе се чита во еден ѕдив

Денеска во Куќата на Христо Узунов во Охрид во присуство на бројна публика беше промовирано најновото дело на д-р Томислав Тунтев „Охрид – љуѓе и марифети“.

Промотори беа проф. д-р Зоран Тунтев од ФТУ – Охрид ( брат на авторот) и Оливера Мишева, виш кустос – етнолог во НУ Завод и Музеј – Охрид.

Промоцијата со присутна доза на возбуда и мал вовед во тоа што го натерало да ја напише книгата ја отвори авторот д-р Томислав Тунтев кој рече дека бескрајно му благодари на рецензентот, сега за жал покојниот Владо Жура ( бидејќи токму рецензијата за оваа книга било последното нешто што го напишал, познатиот охридски новинар, хроничар и публицист).

Тунтев ги спомена и консултантите кои му помогнале да ја обликува и збогати книгата со нивните совети а тоа се: д-р Зоран Тунтев, д-р Ѓорѓи Алчески, новинарката Росица Голабоска, етнологот Оливера Мишева, Поликсена Тунтева Фидановска и д-р Никола Митровиќ – Бабе.

– Ова дело претставува недвојбен показ за една нескротлива енергија, голема ерудиција и над сè неизмерна љубов на авторот кон нашиот старозамански град. Сето тоа е преточено во едно прекрасно искрено писание, кое никого нема да го остави рамнодушен. Преку книгата, авторот успеал да ја оствари својата огромна желба – да си ја отвори душата и да ја сплоти со староградскиот вечен дух, што пулсира низ нашите дамари заедно со отчукувањата на илјадниците охридски срца, во Охрид и насекаде по светот. И не само охридските, забележал Жура.

… Тунтев вложил искрен напор и елоквентно знаење, со една доследна лична и генетски предодредена духовна посветеност кон мајчиниот охридско-варошки јазички дијалект, кон богатата народна традиција и префинетата староградска култура – да ја расветли, протолкува и разоткрие душата на неговиот и нашиот уникатен неприкосновен град, проткаена во постојаниот исконски баланс меѓу небото, земјата, водата и охриѓани, запишал Жура, во рецензијата. 

Во исто насока и содржина беа и кусите, но ефектни обраќања на обајцата промотори д-р Тунтев и Мишева, кои беа поздравени со аплауз од присутните.

Во воведот на книгата и на промоцијата авторот на книгата д-р Тунтев рече дека  првите три страници се единствените страници во книгата што се напишани на македонски литературен јазик. Сè што понатаму ќе прочитате е напишано на говор од западното наречје на македонскиот јазик, на охридски дијалект. Да бидам попрецизен, тоа е говор што се употребува во стариот дел од Охрид, Варош. Тоа е мојот мајчин јазик. Тоа е јазикот на кој говореле многу генерации со векови наназад. Тоа е јазикот што е врежан во колективната меморија на голем број охриѓани и охридски семејства низ историјата на нашиот град. Тоа е јазикот што ги преживеал сите ропства, атаци, асимилации и небиднини што го снашле Охрид и охриѓани во илјадалетното минато.

Тоа е јазикот што од искона се пренесува од колено на колено, со многу напишани дела, со многу искажани мисли и со многу испеани песни. Тоа е јазикот што полека ја губи битката со мноштвото странски и новосоздадени зборови и поими, што сè повеќе го окупираат нашето секојдневие. Тоа е јазикот што, ако не го негуваме, набрзо ќе изумре, ќе го снема. А тоа, нели, не смееме никако да го дозволиме, рече Тунтев.

Книгата е поделена на пет дела на околу 200 страници а што е важно содржи и  список на охридски зборој пренесени на македонски литературен јазик.

Д-р Томислав Тунтев е автор на две монографии, десеттина учебници и стручни прирачници и трудови од областа на воздухопловството, автор е и на романот „Светиот завет“)

Фото: Емил Јовановиќ

Публицитет.мк

Посетеност: 1.152
Share
Previous Post

Промоција на книгата „Охрид – љуѓе и марифети“ од д-р Томислав Тунтев“

Next Post

Просветни работнички престојуваа на обука во Шпанија за иновативно образование

Next Post
Просветни работнички престојуваа на обука во Шпанија за иновативно образование

Просветни работнички престојуваа на обука во Шпанија за иновативно образование

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 1.152

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk