Со голема гордост информираме дека ученикот од училиштето „Јахја Кемал Струга“, Леонид Тодороски, освои бронзен медал на Европската математичка олимпијада (ЕМО 2026), која за првпат се одржа во Вилнус, Литванија, во периодот од 23 до 29 април.
На овој престижен меѓународен натпревар учествуваа 124 ученици од 19 европски држави, кои ги покажаа своите знаења и вештини преку решавање комплексни математички задачи во текот на два натпреварувачки дена. Успехот на Леонид Тодороски, кој освои 23 поени и се закити со бронзен медал, претставува значајно признание за неговата посветеност, труд и љубов кон математиката.
Воедно, овој резултат е потврда за квалитетната настава и поддршка што учениците ја добиваат во „Јахја Кемал Струга“.
Публицитет.мк








