Дефанзивниот напад лебедот го започнува со с`скање, а ако тоа не е доволно за да се избрка напаѓачот, следува физичкиот напад.
Лебед е бела, црна или сива пловна птица со долг врат, со жолт или со црн клун од фамилијата на Anatidae, во која спаѓаат и гуските и патките. Пердувите на лебедите се целосно бели, или се мешавина од црно и бело, понекогаш и со бело црни завршетоци на крилјата. Лебедите во однос на гуските имаат подолг врат кој им овозможува да пребаруваат на дното и во подлабоката вода, а големината на телото ги прави најголеми водни птици. Распонот на крилјата може да им достигнат и до два метра, а нивната тежина до 15 кг. Животен век им се движи од 19 до 50 години. Нозете им се многу кратки, така што на земјата делуваат многу неспретно, затоа имаат силни крилја и мускули, па можат да прелетаат и повеќе од илјада километри.
Живее во парови и двата родители се грижат за младите, и остануваат со нив до една година.
Иако оваа птица е питома, таа знае да биде многу агресивна кога треба да го одбрани своето гнездо. Големината ѝ овозможува да се бори со животни големи колку којотите.
Дефанзивниот напад лебедот го започнува со с`скање, а ако тоа не е доволно за да се избрка напаѓачот, следува физичкиот напад. Напаѓа разбивајќи го со коскестите делови од крилото и гризење со големиот клун.
Крилата на лебедот се многу силни, доволно за да скрши човечка нога. Лебедите ги напаѓаат луѓето ако се обидат да им влезат во нивната територија, може да нападнат и помали чамци, кануа и сл. за кои ќе помислат дека се закана за малите пајчиња.
Најпрво, лебедот се обидува да го избрка грабливецот, што му успева со лисиците и другите грабливки кои остануваат на брегот.
Иако птиците немаат заби, лебедите, како и другите членови на Anatidae, имаат клунови со назабени рабови кои изгледаат како мали „заби“ во вид на пила во клуновите што се користат за фаќање и јадење водни растенија и алги, но и мекотели, мали риби, жаби и црви.
Пишува:
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк