Отсекогаш Србите кога биле во историска ситуација, верувале дека перото е посилно од мечот. Истото верување е актуелно и денес, кај сите разумни Срби. Една латинска поговорка вели: „Зборовите летаат, напишаното останува“.
Затоа ви пишувам и ве поздравувам преку моето перо и ви посакувам среќен празник Свети Сава.
Сава Немањиќ бил првиот српски архиепископ и писател, најмладиот син на Стефан Немања. Неговото име беше Растко. Околу 1192 година отишол на Света Гора, се замонашил во рускиот манастир Свети Пантелејмон, каде што го добил името Сава. Немања го следел примерот на својот син и самиот дошол на Света Гора, каде што се замонашил и умрел како монах Симеон. Сава ја стекнал независноста на Српската црква од царот и патријархот и станал првиот српски архиепископ. Заедно со својот татко го изградил манастирот Хиландер, а потоа и многу други манастири, цркви и училишта низ српските земји. Ги помирил своите браќа кои се карале за власт, ги помирил Србите со соседите, а со создавањето на Српската црква преку неа ја создал српската држава и култура. Како прв српски писател, Сава со своите преводи на црковни книги на српски го овозможил создавањето на српскиот литературен јазик. Донесе мир меѓу сите балкански народи и работеше за доброто на сите, за што беше почитуван и сакан низ целиот Балкан. На српскиот народ му подари христијанска душа. Починал во Трново за време на царот Асен, разболувајќи се по Богојавленската служба, на 12 јануари 1236 година. Неговото тело било пренесено од страна на кралот Владислав во Милешево, од каде што го подигнал Синан – паша и го запалил во Врачар во Белград на 27 април 1595 година.
Србите се олицетворение на убавината на духот, острината на умот и исклучителната интелигенција, со висок морал, достоинство, гордост, хуманост и го слават овој ден Свети Сава како свој извор на живот и љубов.
Вечен Свети Сава!
Пишува:
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Фото: Фреска на Свети Сава од Милешевскиот манастир
Публицитет.мк