• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Барабара Поповиќ на белградското „IDJ Show“ воодушеви со емотивната изведба на „Зајди, зајди…“

ноември 27, 2023
in На минување
Барабара Поповиќ на белградското „IDJ Show“ воодушеви со емотивната изведба на „Зајди, зајди…“

Таа е фантастична и пее одлично, веќе е миленичка на  многумина низ Балканот. Ова се коментарите кои можат да се сретнат на пишаните и електронските медиуми а се однесуваат на младата и талентирана Барбара Поповиќ. Веруваме нема човек кој синоќа не затрепери и не уживаше во нејзината бравурозна изведба на „Зајди, зајди, јасно сонце“ во белградското ТВ IDJ Show“.

 

Барбара со она што го покажа на сцената не ги остави рамнодушни ни публиката, ни жирито: раперот Реља Поповиќ, пејачката Наташа Беквалац и еден од најдобрите македонски композитори, Дарко Димитров, но и следбениците на социјалните мрежи.  

Бројот на прегледи на You tube од синоќешната изведба го  потврдува тоа најдобро. Барбара заслужува подрршка од сите нас. Ајде да гласаме за неа…  

„МОЈА МАКЕДОНИЈО“, НАПИША ПОПОВИЌ ПОД СВОЈАТА ОБЈАВА ОД СВОЈОТ НАСТАП.

Барбара е дипломиран оперски пејач, свири на пијано. Заврши на ФМУ – соло пеење со просек 9. Музичка кариера ја започнала од 6 години на реномираниот детски фестивал „Супер Ѕвезда“ со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи. На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.

Од шест годишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје. 

На 30 ноември 2013 година Поповиќ ја претставила Македонија на европскиот музички фестивал Детски избор за песна на Евровизија со песната „Охрид и музика“. И не случајно за Охрид бидејќи по мајка и’ Наташа има охридски корени. 

По кратка пауза, се врати на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив”

На стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија, Барбара ги испеа и двете химни на Македонија и Италија.

Следната голема сцена за Барбара ќе биде Сан Ремо. Времето е на страна на нашата Барбара ние само треба да ја бодриме и да го следиме секој нејзин настап. 

Публицитет.мк 

 

 

 

 

Посетеност: 197
Share
Previous Post

Бутик ЕМИЛИ – Охрид: Нови женски капути за зимата да биде топла

Next Post

СВР Охрид во организирана акција против организаторите на борби со кучиња

Next Post
СВР  Охрид во организирана акција против организаторите на борби со кучиња

СВР Охрид во организирана акција против организаторите на борби со кучиња

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 197

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk