• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СВР Охрид во организирана акција против организаторите на борби со кучиња

ноември 29, 2023
in Тикер
СВР  Охрид во организирана акција против организаторите на борби со кучиња

На 23 и 24 ноември, СВР Охрид, реализира дополнителни контроли на целото подрачје, со цел пронаоѓање и санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

Струга, Кичево и Дебар, извршија обиколки и преглед на одредени локации во периферните региони со отежнат пристап, на авто-кампови како и на повеќе приватни имоти. Извршени се разговори со нивните сопственици како и со лица кои, на посебно оградени простори, чуваат кучиња, чии фотографии се објавувани по социјалните мрежи како организатори на борби со кучиња.

Остварени се контакти со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од ветеринарните амбуланти на подрачјето како и со инспектор за ветеринарство за што, известен е јавен обвинител.

Инаку, според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.
Подолг временски период, во СВР Охрид нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.

Публицитет.мк 

Посетеност: 163
Share
Previous Post

Барабара Поповиќ на белградското „IDJ Show“ воодушеви со емотивната изведба на „Зајди, зајди…“

Next Post

Борците од НОБ и граѓаните поддржувачи со историски час за АВНОЈ и македонската држава

Next Post
Борците од НОБ и граѓаните поддржувачи со историски час за АВНОЈ и македонската држава

Борците од НОБ и граѓаните поддржувачи со историски час за АВНОЈ и македонската држава

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 163

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk