„Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“ е 13. самостојна изложба на м-р Славица Танеска.
Изложбата е посебна по тоа што ќе биде отворена во ЦК „Григор Прличев“ – просторот во кој прв пат авторката се претстави пред јавноста пред повеќе од 15 години, тогаш како нов талент, а сега се презентира како оформен уметник кој презентира зрел концепт на изложба. Изложбата, како и претходните две изложби организирани во Охрид од уметницата, ќе ја отвори познатиот ликовен уметник Славко Упевче.

Темата на изложбата се вечните борби на човештвото, симболично претстаневи преку борби на петли. Во изложбата се проследува концепт кој е отворен за нови размислувања и начини на гледање, преобразби во стилот и изразот согласно преобразбите на војните и конфликтите на човештвото.
Публицитет.мк








