• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Борците од НОБ и граѓаните поддржувачи со историски час за АВНОЈ и македонската држава

ноември 29, 2023
in Тикер
Борците од НОБ и граѓаните поддржувачи со историски час за АВНОЈ и македонската држава

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод јубилејот – 80 години од Второто Заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, секоја година организира историски час на тема ” Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.

За значењето на овој ден професорот по историја Наце Иваноски напиша: – После големите победи на меѓународните фронтови во 1943 година и настанувањето на пресвртницата на страна на антифашистичката коалиција, како и големите успеси на Народноослободителната војска на Југославија, се создадоа услови за посветување на поголемо внимание врз изградувањето на новата народна власт, која започна уште 1941 година со формирањето на првиот Народноослободителен одбор во градот Беране. За таа цел се создаде АВНОЈ, како највисок орган на новата власт, кој го одржа своето Прво заседание во Бихаќ.

370155582 880159410217549 6405038623508922710 n

Во 1943 одина , новонастанатата состојба го наложи одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ. Со донесените одлуки на ова заседание се поставија темелите на идната југословенса држава. Ова заседание има посебно значење за Македонија, бидејќи со одлуката за внатрешното уредување на идната заедничка држава, таа за прв пат е призната за рамноправна со другите федерални единици ( Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина ), а македонскиот народ за рамноправен со другите народи во заедничката федерација. Нешто покасно Президиумот на АВНОЈ донесе одлука сите акти, списии други документие печатата и на македонски јазик.

377261570 314527521462913 3079842384700094252 n

Одлуките на АВНОЈ покасно беа разгледувани и анализирани од Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, како највисок орган на власт во Македонија. Истите беа оценети како добра основа за свикување на Првото заседание на АСНОМ, на кое со донесените решенија почнува изградбата на новата македонска држава, како рамноправна со другите федерални држави, во заедничката Федерација. Меѓу другите е и решението со кое македонскиот јазик се воведува за официјален службен јазик во новата држава.
Беше донесена Декларација за оновните права на граѓаните на Македонија.

ОО на СБ од НОАВМ Охрид и Дебрцана Претседател Гоце Георгиески

Публицитет.мк 

Посетеност: 143
Share
Previous Post

СВР Охрид во организирана акција против организаторите на борби со кучиња

Next Post

Охрид ќе биде полн со туристи за Нова година

Next Post
Охрид ќе биде полн со туристи за Нова година

Охрид ќе биде полн со туристи за Нова година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 143

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk