Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените одговорни за појава на Чарг-Штраусов (Churg-Straus) синдром
Чарг-Штраусов синдром е ретка болест и претставува воспаление на крвните садови, вени и артерии. Тоа може да го ограничи протокот на крв во сите органи и ткива во организмот, а понекогаш и трајно да ги оштети. Оваа состојба е позната и како еозинофилна грануломатоза со полиангиитис (ЕГПА).
Најчести знаци на синдромот се астма, хроничен синузитис и зголемен број на бели крвни, а поретко се јавуваат слабост, замор, губење на апетит и губење на тежината, осип или рани на кожата, абдоминална болка, гастроинтестинално крварење и болка во зглобовите и мускулите.
Симптомите на Чург-Стросовиот синдром многу варираат од благи до тешки или опасни по живот компликации. Претставува многу ретка болест од која заболуваат околу 5-7 луѓе на еден милион луѓе во светот. Настанува како резултат на абнормалности на гените.
За рано откривање на синдромот се препорачуваат консултации со доктор по генетски науки.