За фотка на неделата ја одбравме фотографијата на нашата постојана соработничка Татјана Узуноска – Тренеска која освен пасијата кон фолклорот со кој се занимава професионално за свое хоби го има и фотографирањето.
Просторот околу исконската убавина на црквата Св. Јован Богослов – Канео и преку нејзината фотографија придружена со цутовите и „мирисот“ на пролетта мами да се излезе од дома и да се види и доживее оваа убавина.
Публицитет.мк