Фон Вилебрандовата болест е најчестата наследна коагулопатија, односно состојба при која доаѓа до продолжено или обилно крварење.
Луѓето со оваа состојба потешко формираат тромб и крварењето трае подолго.
Причини
• Генетски дефект на фон Вилебрандовиот фактор (vWF)
• Намалена способност на тромбоцитите да се „залепат“
• Намалена стабилизација на Фактор VIII, важен за коагулација
Симптоми
• Често крварење од нос
• Крварење од непца
• Лесно појавување на модринки
• Продолжено крварење при повреди
• Крв во урина или столица
• Обилни менструални крварења
Третман
• Терапијата зависи од типот и тежината на болеста
• Дезмопресин (DDAVP) – го зголемува нивото на vWF и Фактор VIII
• Антифибринолитици – спречуваат разградување на тромбот
• Хормонска терапија – при обилни менструации
• Генетско советување и следење
Во БИОМЕД ЛАБ
се изведуваат најсовремени генетски анализи
за точна и навремена дијагноза.
Раната дијагноза значи подобра контрола и побезбеден живот.
Фото: Фејсбук страница на БИОМЕД ЛАБ Охрид
Публицитет.мк








