Општинското основно музичко училиште „Методи Патче“ врши упис на ученици кои во учебната 2023/2024 година ќе бидат прво или четврто одделение.
Во прво одделение учениците може да се запишат на отсекот пијано или виолина, додека во четврто одделение на отсекот по флејта, кларинет, хармоника и гитара. Aудицијата за сите заинтересирани ученици ќе се одржи на 17 мај во перидот од 16 до 19 часот во просториите на училиштето, информираат во соопштението.
Публицитет.мк