Муралот кој деновиве осамна на зградата кај плоштадот во близина на поранешниот Мини маркет близу до некогашното ателје на познатиот уметник Вангел Наумовски е само почеток на големата иницијатива на професор д-р Зоран Тунтев и Лајонс клубот „Лихнидос“ за достојно одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Нав Муан, Ван – Сан Скребатски, Сараван – едноставно уметникот и креативец, Вангел кој остави неизбришливи траги во меморијата на Охрид.
Ви изработката на муралот кој е широко прифатен меѓу охриѓани беа вклучени: младите од архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК„ Лихнидос“, ЛК „Охрид“, Кармен Бауцентар и уметнилчката галерија „Букефал“.
Публицитет.мк